Столе Димитриевски покажа дека има рефлекс како мачка, а со една од интервенциите на мечот против Леванте заслужи место во топ 5 најдобри одбрани на 17-тото коло во Шпанија.
Ова за Димитриевски е второ признание во последното коло во шпанското првенство за 2018 година, откако беше избран и во идеалниот тим на 17-тата рунда.
Изборот го прави Ла Лига, а видеоматеријалот почнува со нашиот голман и одбранетиот удар на Рубен Рочина. Пред Димитриевски, во топ 5 се Давид Сорија, голманот на Хетафе, со најдобрата одбрана на колото, потоа Роберто Сантамарија од Уеска со одличниот рефлекс против Валенсија, Јан Облак од Атлетико Мадрид и Пау Лопес од Бетис.
Најдобрите одбрани, меѓу која и таа на Столе Димитриевски, може да ја видите ТУКА.