24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Столе на тежок испит кај Жирона, ПСВ ќе продолжи да ги малтретира ривалите во Холандија

2857 Олимпијакос – Панатинаикос (20.00 ч.)

Ова е реванш-натпревар од осминафиналето на грчкиот куп, првиот дуел заврши 1:1. Поради олдуката на Владата, фудбалските натпревари во Грција се играат пред празни трибини, со што Олимпијакос ќе остане без еден од големите адути во најголемото дерби во земјата.

Нивниот меѓусебен дуел во грчкиот шампионат кој се играше на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја не го дочека крајот поради дивеењето на домашните фанови, а минатата сезона славеше Олимпијакос со 1:0. На нивните меѓусебни натпревари нема многу голови, на последните десет дуели само еднаш биле постигнати повеќе од три гола (1:4 за Олимпијакос во 2021 година).

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.15)

 

2843 ПСВ Ајндховен – Твенте (21.00 ч.)

ПСВ Ајндховен е неверојатен во Ередивизијата со 17 победи во 17 меча и е апсолутен фаворит да слави против Твенте во мечот од Купот на Холандија. И двата тима настапите во Купот ги започнуваат во четвртото коло.

Последниот меѓусебен дуел играа пред два месеца и ПСВ славеше со 3:0, и тоа како гостин. На последните десет меѓусебни натпревари кои се играле на „Филипс стадионот“ во Ајндховен, ПСВ славел на осум меча и двапати одиграл нерешено, додека последниот пораз пред своите гледачи го доживеал во 2012 година.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

1442 Валенсија – Селта (20.00 ч.)

Натпревари од Купот се играат и во Шпанија, каде што во рамките на осминафиналето ќе се сретнат Валенсија и Селта. Годинава и двата тима одиграа по три натпревари и сите завршија ГГ 3+, што е најава дека ќе има голови и вечерва на „Местаља“.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.55)

 

1108 Евертон – Кристал палас (20.45 ч.)

Ова е повторен натпревар од третото коло во ФА купот, првиот дуел заврши без голови. Евертон и покрај казната од Англиската федерација, игра одлично во Премиер лигата и не се наоѓа во зоната на испаѓање, па вечерва е фаворит да обезбеди пласман во следната рунда.

И традицијата е на страната на Карамелите кои последниот пораз од Кристал палас на домашен терен го доживеале точно пред една деценија. На последните два меча коишто се играа на „Гудисон парк“, Евертон постигна по три гола и славеше на двата дуела.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.94)

 

1454 Жирона – Рајо Ваљекано (21.30 ч.)

Жирона е вистински хит во Ла Лига и моментно е лидер со еден бод повеќе пред Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку, додека Столе Димитриевски сезонава прави чуда на голот на Рајо Ваљекано.

Димитриевски сезонава дури на седум натпревари во Ла Лига не прими гол, но традицијата на дуелите со Жирона најавува дека вечерва треба да има голови. Жирона сезонава славеше во Ла Лига со 2:1, а на шест од последните седум меѓусебни средби било ГГ 3+.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

- Оглас -

Најнови вести