Екипата на Валенсија го доживеа и третиот пораз во третиот натпревар во новата сезона на шпанската Ла Лига. „Лилјаците“ вечерва се поразени минимално со 1-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао со голот на Бенат Прадос Диаас во првата минута од судиското надополнување на времето на првиот дел.
Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, повторно остана на клупата за резерви, а голот на Валенсија го чуваше грузиецот Гиорги Мамардашвили. Димитриевски се уште ги чека првите минути на официјален меч за „лилјаците“, откако бранеше само на пријателските натпревари пред почетокот на сезоната.