Македонскиот голман Столе Димитриевски, кој знае дека клубот Валенсија му ја отвори вратата да си замине, постираше слика од одморот во Јапонија облечен во ретро црно-бел дрес на тимот.
Според коментарите на оваа негова објава, фановите на Валенсија не сакаат тој да си оди.
Валенсија се обидува да го обезбеди потписот на голманот Хулен Агирезабала на позајмица од Атлетик Билбао и тој потег ја отвора вратата за Столе да си замине. Македонскиот голман видел како тренерот Карлос Корберан лично бил вклучен во доаѓањето на баскискиот голман да биде стартер следната сезона.
Димитриевски пристигна само пред една година како слободен трансфер од Рајо Ваљекано, со надеж дека ќе стане прв избор на голман на Валенсија по заминувањето на Ѓорѓи Мамардашвили во Ливерпул.