Столе прими гол после 349 минути сува мрежа, но Рајо извојува голема победа (Видео)

Рајо Валјекано со 2-1 ја победи Осасуна, и со овие три бода, тимот чиј гол го брани Столе Димитриевски, направи чекор кон опстанок во шпанската лига.

Гостите од Памплона со шут на Моисес Гомес го совладаа Димитриевски во првото полувреме, и тука беше крајот на рекордната клупска серија од 349 минути без примен гол во Ла Лига.

Но, во 80-та и 84-та минута, домашните постигнаа два гола од далечина за пресврт и голема радост.

Ова е првиот гол кој го прими Столе во последните четири меча:

https://twitter.com/i/status/1781696357696192831

- Оглас -

Најнови вести