Рајо Вајекано продолжува со добрите игри и освои бод на гостувањето кај Валенсија, играјќи 1:1 на „Месталја“. Домаќините стигнаа до водство благодарение на голот на Солер од пенал во 16 минута.
Ова беше дури седми пенал сезонава кој е досуден против Рајо Вајекано, што е рекорд во Примера дивисион сезонава. На голот на Рајо е македонскиот репрезентативец Столе Дикитриевски, кој сезонава веќе има одбрането два пенали, но денеска по петти пат мораше да ја вади топката од својата мрежа, по шут од најстрога казна.
Рајо не само што не се предаде, туку повеќе напаѓаше и во 64 минута гостите израмнија преку Палазон, а до крајот на мечот пропуштија шанси за целосен пресврт. Со ова реми, Рајо сега има 24 бодови и е на петото место на табелата, а Валенсија со 19 бодови, моментно е на деветата позиција.