Шпански медиум објави дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ја прифатил понудата на шпанскиот прволигаш Леванте и би сакал сезонава да го брани голот на клубот од Валенсија кој се врати во Ла Лига.
Столе е незадоволен од улогата во Валенсија, а во Леванте би бил прв голман и плус не би морал да се сели далеку, па дури можеби ни воопшто, бидејќи стадионите на двата клуба се блиску.
За Димитриевски има интерес и од Селта и Елче, но тој го одбрал Леванте. Сепак, Валенсија нема лесно да му дозволи да си замине и тоа е делот кој ќе треба да се преговара во наредниот период и дали тоа би бил трансфер или позајмица.