Столе Димитриевски имаше нов добар настап во победата на неговиот тим Рајо Ваљекано против Валенсија од 2:1 во првата денешна средба од петтото коло во шпанската Ла Лига.
Македонецот доби жолт картон во 62-та минута поради тоа што го задржуваше времето, а тоа ги изнервира навивачите на Валенсија кои што на социјалната мрежа „Твитер“ упатија неколку сочни зборови.
Рајо победи со головите на Иси Пијазон во 5-та и автоголот на Нико во 52-та минута и со тоа дојде до седмиот бод и е на делба на 10-то место во Ла Лига, додека за Валенсија погоди Муктар Дијакабри во последните мигови од мечот.
62: WTF!
Mamardashvili lari hingga dekat lingkaran tengah lapangan utk menutup peluang serangan balik Rayo. Bola lalu jadi tendangan gawang dan wasit akhirnya tak lagi menolerir aksi Stole Dimitrievski.Kartu kuning utk kiper tuan rumah. #RayoValencia
— MedioClubID (@medioclubID) September 10, 2022
Que pesado es el hijo de puta de Dimitrievski.
— 🇻🇪 Frank 🇵🇱 (@10AnsuF_) September 10, 2022