Македонскиот голман Столе Димитриевски беше една од централните фигури на синоќешниот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, откако го намести Винисиус да добие црвен картон и успеа да го деконцентрира Џуд Белингам при изведувањето на пеналот на 1-0 за Валенсија.
Повторената снимка од пеналот покажа дека Столе со ниту едната нога не ја газеше гол-линијата, а и неколку играчи на Валенсија влетаа во 16-никот пред Англичанецот да шутне. И покрај овие прекршувања на правилата, пеналот не беше повторен. Зошто?
Во Членот 14.2 од фудбалските правила, стои дека во ваква ситуација, пеналот се повторува само ако голманот директно влијае на утката.
„Ако голманот направи прекршок и топката не влезе во голот или се одбие од гредата или стативите, пеналот ќе се повтори само ако прекршокот на голманот јасно влијае на изведувачот. Односно, се останува во рацете на судијата, во субјективна одлука“.
Во овој случај, судијата одлучи дека голманот на Валенсија не влијаел на ударот на Белингам и не нареди да се повтори најстрогата казна. Ако Столе ја допреше топката и со тоа влијаеше таа да не влезе во гол, тогаш пеналот ќе беше повторен.
BELLINGHAM FALLA EL PENALTI
SON LA VERGÜENZA DEL FÚTBOL
— nen (fan) (@FCB_nenn) January 3, 2025