Легендата на Партизан и српскиот фудбал, Саво Милошевиќ, се враќа на клупата на белградските Црно-бели. Раководството на Партизан на досегашниот тренер Илија Столица не му ја прости синоќешната елиминација од АЕК Ларнака во квалификациите за Лигата на Европа.
Милошевиќ во претходниот мандат како тренер на Партизан од 2019 до 2021 година го освои Купот на Србија, а сега ќе треба преку бараж против Хамрун од Малта да го внесе тимот во групите од Конференциската лига, како и да се обиде да ја освои титулата во домашното првенство, што ќе биде многу тешко.