Стоп за Салернитана, локалните власти не им дозволија да отпатуваат за Удине!

Играњето на утрешниот натпревар од италијанската Серија А помеѓу Удинезе и Салернитана е доведено под прашање откако попладнево локалните здравствени власти во Салерно не му дозволија на тимот од нивниот град да полета за Удине бидејќи имаат еден позитивен случај на корона-вирус.

Салернитана нема да замине за Удине додека не се добијат резултатите од дополнителните тестови. Фудбалерите се во карантин и ќе чекаат, а ако нема други позитивни, тогаш може да отпатуваат утре наутро со чартер-лет.

- Оглас -

Најнови вести