27.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Стоперот на Реал со месеци беше повреден, а против Еспањол покажа дека сега е како нов

Реал Мадрид со 2:0 го победи Еспањол во меч од петото коло и Кралскиот клуб продолжуваат со перфектниот биланс во шпанското првенство. Еден од хероите од „сенка“ е Едер Милитао.

Дефанзивецот на кого главна задача му е да ги спречува нападите на противниците, постигна еврогол со шут од преку 25 метри и го доведе Реал во водство од 1:0. До крајот на средбата, Реал даде и втор гол, а ја сочува својата мрежа незатресена, па Милитао беше прогласен за играч на мечот со оценка 8,4.

Посебно за пофалба е како игра Милитао ако се знае дека повеќе од шест месеци во 2025 година не играше поради тешката повреда на коленото. Откако се врати по повредата, Милитао на секој меч е еден од најдобро оценетите во тимот на Реал.

Ова е посебно важно затоа што повредата на коленото не беше единствена за Милитао во последниот период. Ако се пресметаат последните две години, Бразилецот дури 15 месеци мораше да паузира поради повреди, но очигледно дека сето тоа сега е зад него и блеска на теренот, што секако може само да го радува тренерот Чаби Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести