Стота победа за Дон Карло во ЛШ, пред него е само Ферги!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, стана само вториот стручњак кој имал 100 победи во Лигата на шампионите. Рекордер е Алекс Фергусон со 102 и Италијанецот сезонава лесно може да го надмине.

Анчелоти има 39 победи во ЛШ како тренер на Милан, 29 со Реал Мадрид, 10 со Челзи, 7 со Баерн, 6 со ПСЖ, 5 со Наполи и по две со Јувентус и Парма.

Анчелоти е најуспешен по бројот на титули, ги има четири, по две со Милан и Реал.

- Оглас -

Најнови вести