Стотици навивачи пред стадион ги поздравија домашните фудбалери

Уште само еден и пол час останува до почетокот на најважниот фудбалски меч во историјата на Македонија, но и на Грузија, а атмосферата во Тбилиси е вжештена. Како се доближуваме кон стадионот во Тбилиси, среќаваме стотици навивачи кои се собрани околу стадионот за да дадат поддршка на своите миленици.
Поддршка за грузиската репрезентација имаше и по улиците, каде постојано се свири со автомобилите и се загрева атмосферата.
Поради пандемијата со Коронавирусот, мечот се игра пред празни трибини, одлука која секако е добродојдена за нашата репрезентација, затоа што несомнено дека Грузијците ќе направеа пеколна атмосфера на трибините.
Интересно е што и покрај масовната поддршка на домашните навивачи на улиците на главниот град, тие нема да можат да ја прослават евентуалната победа и пласман на ЕП, бидејќи од 21 часот тука почнува полицискиот час поради пандемијата со корона-вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести