„Стотка“ на шампионот во победата над Вардар

Работнички лесно го совлада Вардар при конечни 107:89, во рамките од 10. коло во Првата лига на Македонија. Актуелниот шампион повторно влегува во победничка серија по поразот од Блокотехна пред два меча, па со вкушно осми триумф застана на второто место на табелата.

Тимот од „Градски парк“ тргна фуриозно и реализираше 32 поени во првиот период. Домаќините пружија за нијанса поголем отпор пред паузата, но Работнички веќе имаше двоцифрена предност од 12 поени, која во еден момент беше и двојно поголема.

Петмина кошаркари на Работнички завршија со двоцифрен учинок, најмногу реализираше Крстевски (22), а Стајиќ и Костов додадоа по 21 поени. Провел беше најрасположен кај поразените со високи 36 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести