Стотникот на Федерер низ бројки

Покрај Роџер Федерер, само еден тенисер може да се пофали дека има над 100 титули, тоа е Џими Роџерс, поранешниот светски рекет број 1 кој во кариерата освои вкупно 109 пехари. Од пред два дена до тој јубилеј стигна и Швајцарецот, со победата над Стефанос Циципас во финалето на АТП-турнирот во Дубаи.

Трофејот во Дубаи му беше осми во кариерата, па сега Федерер може да се пофали дека има по осум титули на четири различни турнири.

Официјалната веб-страница на АТП издови посебни детали и податоци во врска со јубилејот на Федерер:

3 – Титули на три различни подлоги од четврти јули до први август, 2004 година

4 – Титули без изгубен сервис

5 – Победи во финалиња против први светски рекети

15 – Победи во финалиња по прв загубен сет

19 – Ривали од различни земји во финалиња

20 – Освоени титули без загубен сет

24 – Добиени последователни финалиња (од 2003 до 2005 година)

25 – Противници во финалиња кои сега се во пензија

31 – Настапи на различни турнири

35 – Одбрани на титули

50 – Различни противници

53 – Т.н. „големи пехари“ (Гренд слемови, Мастерси, завршни турнири)

57 – Победи во финалиња против топ 10 тенисери

67 – Победи во финалиња без загубен сет

68 – Победи во финалиња против помлади противници

Првата титула ја освои на 19 години, на турнирот во Милано во 2001 година во три сета го совлада Жулиен Бутер. До „десетката“ стигна во Виена во 2003 година, совладувајќи го Карлос Моја, исто така во три сета. Во Дубаи 2005 година ја освои и 25-тата титула, Федерер беше подобар од Иван Љубичиќ со 3-0, додека 50-тата титула ја освои во Синсинати против Џејмс Блејк во 2007 година.

Федерер најмногу пехари брои од турнирите во родниот Базел и во Хале, по девет, а Рафаел Надал е противникот кого најмногу го победувал во финалиња, дури 10 пати. Од стоте титули, Федерер 69 ги освои на тврда подлога, 18 на трева, 11 на земја и две на тепих.

Маестро Федерер не застанува и на 37 години, на оваа возраст освои седум трофеи, а најголем број титули освои во својата 23-та година, дури 11. Ги заслужува сите пофалби, а нема да биде погрешно ако се каже дека е најдобар тенисер на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести