Страдаше во Барса, го познава добро и Куман: Не научија ништо и нема да добијат ништо со новиот тренер

Жарарт Деулофеу вели дека Барселона не добила засилување со именувањето на Роналд Куман за нов тренер, а го раскажа сопственото искуство со Холанѓанецот додека беа заедно во Евертон.

Делофеу пред една деценија беше еден од најталентираните Академци на познатата фудбалска школа „Ла Масија“ на Барселона, но не доби позначајна минутажа и честопати беше на позајмици.

Меѓу тие клубови каде што играше како позајмен играч е и Евертон, а во дел од сезоната 2016/17 тренер му беше и Куман.

„Не можам да го пофалам бидејќи не ми остави впечаток. Не ме научи буквално ништо за да можам да кажам дека сум напредувал под негова команда. Се надевам дека Барселона ќе има бенефит од него“, изјави Деулофеу.

Одличното крило на Ватфорд вели дека Барселона има поинакви проблеми, а токму потиснувањето на талентите од „Ла Масија“, кои не добиваа шанса во минатиот период, според Делофеу е рак-рана на гигантот.

„Ла Масија е најдобрата фудбалска Академија на светот, но не заборавија во последно време. Сега велат дека планираат да ѝ посветат повеќе внимание, но јас велам дека доцнат многу години. Многу таленти не добија вистинска шанса и тоа се врати како бумеранг“, додаде Деулофеу.

 

 

- Оглас -

Најнови вести