Тежок инцидент се случи на денешната спуст трка во Вал д‘Изер, откако Австријката Никол Шмидхофер во финишот на патеката, при брзина од 115 километри на час, лошо процени една кривина и директно се удри во заштитата ограда. Падот беше страшен, таа ги проби двете заштитни огради и заврши во шумата.
Шмидхофер, која има 31 година и настапи со стартен број 11, на носила беше спуштена до целната рамнина, а според првите информации, таа имала многу среќа и нема скршеници, туку минала само со повреди на лицето. На денешниот женски спорт победи Корин Сутер од Швајцарија.