Дуелот од 27-то коло во Првата лига на Хрватска ќе се памети по хорор-повредата на Литванецот Паулиус Голубицкас. Младиот играч за врска доби силен удар во лицето при воздушен дуел уште во воведните минути од мечот, по што остана да лежи на тревата раскрварен.
Откако медицинските лица истрчаа да интервенираат, утврдено е дека дошло до фрактура на вилицата, за што сигурно ќе биде потребна хируршка корекција.