Борусија Дортмунд имаше летечки старт во Бундеслигата и убедливо со 5:2 го победи Ајнтрахт Франкфурт на популарниот „Вестфален“.
Повторно во препознатлив елемент беше најскапиот играч на Милионерите, Ерлинг Халанд, кој ја прегази одбраната на популарните Орли со еден гол и три асистенции.
Првиот гол на Халанд за Борусија Дортмунд во новата сезона можете да го погледнете ОВДЕ.
Одлично одигра и Марко Ројс, кој постигна еден погодок и имаше две асистенции.
Borussia Dortmund [1]-0 Eintracht Frankfurt: Marco Reus 23′ from soccer
Стрелци за Борусија беа и Торган Азар и Џовани Рејна, а Борусија одигра брилијантен меч. Домаќините постигнаа и пестти гол, но Пашлак си постигна интересен автогол за 1:1 во 27. минута.
Хауге беше стрелец на последниот гол на мечот со кој ја ублажи катастрофата на гостите од Ајнтрахт.