Австриската скијачка, Нина Ортлеиб, доживеа страшен пад на трката во спус од Светскиот куп во германскиот зимски скијачки центар, Гармиш Партенкирхен. Таа откако падна, продолжи да се лизга на снегот и силно да вреска, а кога сопре, остана неподвижна да лежи. Ортлеиб итно беше хоспитализирана со хелихоптер, а трката беше прекината на 30 минути.