Светскиот првак во мотоциклизам, Марк Маркес имаше непријатности за време на квалификациите на трката во Малезија. Шпанецот беше во трка за освојување на пол позицијата кога во еден момент, поради мало невнимание ја загуби рамнотежата, а моторот го исфрли и тој се стркала на патеката.
Падот на Маркес делуваше застрашувачки, но возачот успеа за брзо време да стане и без видливи повреди да замине од патеката.
Фабио Квартараро од Франција на крајот ја освои пол позицијата, пред Маверик Вињалес од Шпанија и Франко Морбидели од Италија. До падот, Маркес имаше 11-то најдобро време во квалификациите.