26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Страшен пад на норвешкиот скијач при брзина од 145 километри на час (Видео)

Норвешкиот скијач Александер Омот Килде имаше тежок пад за време на спустот на патеката во Венген, а потоа со хеликоптер беше пренесен во најблиската болница. Пред самата целна линија, на последниот свиок, Колде загуби рамнотежа и со брзина од 145 километри на час падна и удри во заштитната ограда.

Трката веднаш беше прекината и тој прекин траеше половина час во кој му се укажуваше помош на повредениот скијач. Засега не е познато колку е сериозна повредата, но падот дефинитивно беше опасен.

Ова е втор тежок пад за само два дена, откако вчера на велеслаломската патека во Венген, тежок пад имаше францускиот скијач Алексис Пинтуро.

 

- Оглас -

Најнови вести