Словенечкиот ски-скокач Петер Превц имаше хорор ситуација на денешниот тренинг на славната скокалница Планица. Сè беше добро, залетот, отскокот, но додека беше во воздух, му се откачи везот на десната скија и падот не можеше да се избегне.
Превц со голема брзина падна на 70-тиот метар и се здоби со повреда. Вратот му беше имобилизиран и на носила беше однесен во болница. Информациите се дека тој е свесен и дека можел да зборува, но не се знае точната тежина на повредата.