Страшен судар на Тур Д’Франс: Повредени многу велосипедисти, двајца завршија во болница (Видео)

По само неколку километри извозени од 14-тата етапа на легендарната трката Тур Д’Франс се случи голем судар во кои учествуваа 30-тина велосипедисти. се работи за тежок инцидент, бидејќи по сударот, повеќе од 10 велосипедисти заработија посериозни повреди и мораа да добијат лекарска помош.

Трката беше прекината повеќе од еден час, а според информациите, двајца велосипедисти заработиле скршеници на коски и морале да бидат пренесени во болница.

До крајот на Тур Д’Франс останаа уште седум дена. Моментално во водство е Јонас Вингегард пред Тадеј Погачар кој заостанува девет секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести