На натпреварот од турската Суперлига помеѓу Самсунспор и Ѓозтепе кој заврши со 4-3 за домашните, во четврта минута се случи една многу непријатна ситуација која значеше крај за еден гостински играч кој заврши во болница.
Во еден дуел, со глави се судрија Зеки Јавру и Исак Соле, играчот од средниот ред на Ѓозтепе, остана да лежи неподвижен на тревата, кратко беше во безсознание, поради што медицинскиот персонал веднаш реагираше. Додека лекарите му пружаа прва помош, публиката на стадионот вознемирено ја следеше ситуацијата, на теренот набрзо пристигна и брза помош. Соле беше пренесен во болница, а навивачите го испратија со аплауз. Информациите се дека за среќа повредата не е сериозна.
Јавру кој е капитен на Самсунспор, по добивањето на лекарската помош, продолжи да игра.
Isaac Solet, Zeki Yavru ile yaşadığı bu çarpışma sonrası ambulansla hastaneye kaldırıldı.pic.twitter.com/pujBIVzkvH
— Neox Spor (@NeoxSpor) September 28, 2024