Страшен тим: Рамос, Ван Дајк, Златан меѓу идеалните 11-мина кои нема да настапат на ЕП

Точно за 10 дена ќе биде означен стартот на Европското првенство 2020 со дуелот меѓу Турција и Италија во Рим на стадионот „Олимпико“. Два дена подоцна, односно на 13 јуни, Македонија за првпат во својата историја ќе настапи на големото натпреварување. Избраниците на Игор Ангеловски ќе дебитираат против Австрија во Букурешт.

Ангеловски нема да смета само на повредениот Илија Несторовски за континенталниот фудбалски собир, но тука се сите останати клучни играчи, пред сè, Пандев, Елмас, Барди, Алиоски. Отсуството на Нестор не е посебен хендикеп иако е меѓу најискусните во нашата репрезентација, за разлика од дел од останатите учесници, кои останаа без главните адути.

Составен е идеален тим од 11-мина играчи кои нема да се појават на претстојното ЕП, дел од нив се повредени, додека останатите не изборија пласман во своите селекции или пак воопшто не се најдоа на конечните списоци.

Голман е Јан Облак, чуварот на мрежата на Атлетико, кој веројатно попладнево ќе брани за Словенија во контролата против нашите Рисови во Скопје.

Одбраната ја сочинуваат, Арон Ван Бисака (Англија), Вирџил Ван Дајк (Холандија), Серхио Рамос (Шпанија), Џером Боатенг (Германија) и Ферлан Менди (Франција).

Триото во средината е составено од Миралем Пјаниќ (БиХ), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија) и Иско Аларкон (Шпанија).

Златан Ибрахимовиќ од Шведска и Ерлинг Халанд од Норвешка го предводат нападот на идеалниот тим од играчи кои нема да се појават на големата сцена.

- Оглас -

Најнови вести