Бурак Јилмаз игра во топ-форма и со голови го држи Лил на врвот на табелата во Лига 1 во Франција, а вечерва постигна и страшно ефектен гол во победата од 3:0 против Ленс.
Турчинот во 40. минута упати вистински проектил од 30-на метри кон голот на домаќините, а голманот Жан-Луис Лека не мрдна и само со поглед ја испрати топката во мрежата.
Претходно постигна и гол од пенал во четвртата минута и со вкупно 15 погодоци е прв стрелец на Лил и шестти вкупно во Лига 1.
https://twitter.com/vcaybaba/status/1390754642351513604?s=20
Третиот погодок за Лил го постигна Џонатан Давид со што лидерот го задржа врвот со 79 бода, четири повеќе од ПСЖ, но и со меч повеќе.
Лил до крајот на француското првенство треба да игра со Сент Етјен дома и со Анже во последното коло на гостински терен и ако победи на двата дуели ќе биде шампион на Франција.