Страшна повреда на ММА борец (Видео)

Абдул-Малик Саидулаев беше без пораз во кариерата, но на дуелот против Рустамбек Нурзанов само по една минута од борбата мораше да го предаде дуелот.

Причина за првиот пораз на Саидулаев е тешката повреда што ја заработи по еден пад. Нурзанов се обиде да го собори Саидулаев на земја, а овој падна директно на рака и заработи тешка скршеница на лактот на раката.

За тоа колку застрашувачки делуваше повредата, покажува и реакцијата на Нурзанов, кој кога ја виде раката на противникот, згрозен се фати за главата и се тргна.

- Оглас -

Најнови вести