Италија со 3:1 славеше над Албанија во пријателски меч, но освен четирите погодоци, дуелот во Тирана го одбележа и тешката повреда на Сандро Тонали. Пред крајот на првото полувреме, италијанскиот репрезентативец беше во еден воздушен дуел, кога лошо се преврте и падна директно на вратот.
Сите на стадионот занемеа, а Тонали остана неподвижен на тревата. Веднаш реагираа лекарите, кои го изнесоа Тонали од теренот. Засега нема официјални информации за каков вид повреда се работи.
https://twitter.com/i/status/1592981299819843584