Арсенал одигра нов одличен меч и со 3:1 го победи Лестер, иако гостите водеа со автоголот на Ектор Белерин. Во 31. минута бекот на топчиите го изненади својот голман Бернд Лено за предност на Лестер.
Навреме израмни Озил, со погодок во 45. минута, а во продолжението доминираше домашниот состав. Обамејанг со два гола му донесе победа на Арсенал, десетта по ред во сите натпреварувања.
Интересно е што топчиите стартуваа во новата сезона во Премиерлигата со два порази, од Манчестер сити и од Челзи, а потоа се редат само успеси.
Од последното место, со серија победи, Арсенал се проби на делба на третото место со Челзи и лутиот лондонски ривал Тотенхем.