Страшна сообраќајка: Борба за живот на некогашниот играч на Реал Мадрид и учесник на три Мундијали (Видео)

Фреди Ринкон, поранешниот репрезентативец на Колумбија, се наоѓа во критична состојба по сообраќајната несреќа што ја имаше со неговиот автомобил. Ринкон веднаш бил пренесен во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случила во непосредна близина на домот на Ринкон, а 55-годишниот некогашен фудбалер сега се наоѓа на интензивна нега.

Според колумбискиот весник „Ел Темпо“, Ринкон поминал на црвено светло, а во него со голема брзина удрил автобус кој доаѓал од спротивната насока.

Ринкон беше некогашна голема ѕвезда на колумбискиот фудбал, а во 1995 година направи сензационален трансфер во Реал Мадрид. Сепак, не се снајде во Кралскиот клуб и потоа направи трансфер во Коринтијанс. Ринкон настапи и на три Светски првенства, а вкупно во 84 меча за колумбиската репрезентација постигна 17 голови.

- Оглас -

Најнови вести