Страшна сообраќајка: Српски фудбалер со порше се заби во камион

Некогашниот фудбалер на Партизан, Никола Никновиќ има среќа што е жив, откако вчера бил дел од тешка сообраќајна несреќа. Нинковиќ со своето Порше патувал кон Италија, но на автопатот во Хрватска удрил во кампионот кој бил пред него.

Брзиот автомобил е речиси целосно уништен, но за среќа Нинковиќ немал потешки повреди. Бил пренесен во болницата во Сисак, каде по неколку часа го пуштиле на домашно лекување. Фудбалерот патувал во Италија, каде настапува за второлигашот Асколи.

„Никола беше во Србија и се враќаше кон Италија. Го испративме околу 13:30 часот, а после 16 часот ни јавија дека имал сообраќајна несреќа. Цело време бил свесен и го пренеле во болница. Следните неколку дена Никола ќе остане во Белград, затоа што докторите му советувале да мирува. Благодариме на лекарите за се што направија“, вели Бранимир, таткото на повредениот фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести