Поранешниот руски боксер Михаил Старцев и двојната светска шампионка во кикбоксинг Лилија Ворогушина учествуваа во улична тепачка со фатални последици.
Старцев се однесуваше како хулиган и со еден удар усмрти човек, кој само се обиде да ѝ помогне на жртвата во нападот на двајцата спортисти.
На паркинг пред ноќен клуб во рускиот град Барнаул се случи трагичниот инцидент, а најпрво во тепачката учествуваа Старцев и Ворогушина, кои нападнаа човек што само се бранеше од нив, известуваат медиумите.
https://www.instagram.com/p/CDKe7vcnyOG/?utm_source=ig_web_copy_link
Павел Похлов не можел да гледа како двајцата спортисти, боксерот и кикбоксерката го малтретираат за него непознатиот човек и се обидел да помогне, но Старцев со еден удар од зад грб го уби на лице место.
https://www.instagram.com/tv/CDJQa6enXWn/?utm_source=ig_web_copy_link
Кога се случил трагичниот инцидент присутна била и сорпугата на Похлов, која ја објави видео снимката. Починатиот има три деца.