Страшни крици во Крагуевац, еден од најдобрите играчи на Партизан скрши нога (Видео)

Партизан победи со 2-0 на гостувањето кај Раднички Крагуевац, но наместо среќа кај Црно-белите има тага поради тоа што му се случи на еден од нивните најдобри фудбалери Ибрахим Зубаиру (сезонава имаше 9 гола и три асистенции).

Во средината на првото полувреме Килијан Бевис налета на Зубаиру, а колапсот на крилото на Раднички донесе преголема тежина врз ногата на крилото на Партизан. Зибаиру остана да лежи на земја, и веднаш беше јасно дека повредата е од посериозна природа.

Неговите болни крици беа знак дека станува збор за тешка повреда. Од Партизан потврдија дека Зубаиру има скршеница и му претстои подолга пауза.

- Оглас -

Најнови вести