19.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Мечеви кои решаваат кој ќе испадне, а кој ќе остане

1701 Тулуз – Нант (20:45 ч.)

Прв меч од бараж двомечот за тоа кој клуб следната сезона ќе игра во елитното француско друштво. Тулуз беше еден од двата тима кои испаднаа од елитата во прекинатата ланска сезона поради Коронавирусот и сега се во обид експресно да се вратат во Лига 1.

Нант кој е повеќекратен француски првак само благодарение на добрите игри во последните пет меча од првенството (четири победи), се спаси од директно испаѓање и се избори за бараж. Тулуз негува офанзивен фудбал и сигурно домаќините ќе се обидат да стигнат до предност, пред реваншот кој ќе биде на теренот на Нант.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.77)

 

3011 Венеција – Цитадела (21:15 ч.)

Венеција е на чекор од влез во Серија А. Тимот вечерва игра на свој терен, а има и предност од 1:0 по првиот дуел од финалето на плејофот за пласман во елитната италијанска лига. Освен победата во првиот меч од плејофот, Венеција не загуби од Цитадела и во двата меча во регуларниот дел од првенството.

Сите три дуели на овие две екипи сезонава се со не повеќе од два гола, што најавува уште еден неизвесен и не многу квалитетен дуел.

Предлог тип: 0-2 (1.65)

 

1811 Инглштад – Оснабрик (18:15 ч.)

Дуел на две екипи кои треба да решат која ќе игра во Цвајте, а која ќе биде во третата германска лига. Инглштад има осум меча без пораз во третата лига и сигурно со многу самодоверба ќе влезе на овој меч. Оснабрик се спаси од директно испаѓање, но сега треба да докаже дека местото му е во Цвајте.

На последните пет меча Оснабрик игра ГГ3+, па и сега може да се очекува да има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

1921 Тун – Сион (20:30 ч.)

Сион во последното коло од Суперлигата убедливо со 4:0 го победи Базел и со тие три бода избега од последното место на табелата и се спаси од директно испаѓање. Тој меч беше пред само седум дена, па ако Сион ја задржи таа форма и ефикасност, сигурно нема да има многу проблеми против Тун.

Тун во претпоследното коло од второлигашкото друштво го изгуби лидерското место и сека како втор игра бараж за влез во елитата. Двата тима сакаат да играат офанзивно, па може да се очекува погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)

 

6053 Турција – Азербејџан (19 ч.)

Турците ги започнаа подготовките за Европското првенство, а дуелот со Азербејџан ќе им биде тест пред вистинските возбудувања на континенталниот собир.

Турција има само еден пораз во последните 10 средби, а во девет од тие средби, имало барем два погодоци. Азербејџан игра тврд и неатрактивен фудбал, па не случајно на седум од последните девет меча играче со не повеќе од два гола. Дури четири пати резултатот бил 0:0.

Предлог тип: 0-2 (2.07)

 

- Оглас -

Најнови вести