Група босански навивачи вчера во Атина претрпеле хорор сцена пред нивниот хотел каде што биле сместени откако наоружани грчки хулигани ги пресретнале со цел да ги повредат. Во најмала рака, избегнато е крвопролевање бидејќи групата од седум до осум босански навивачи биле цел на поддржувачи на АЕК, кои со себе носеле пиштоли и бејзбол палки замотани со бодликави жици.
Босанците се враќале од квалификацискиот натпревар меѓу Грција и БиХ, кој домаќините го добија со конечни 2-1, кога хулиганите ги опколиле и им наредиле да се постројат, како што изјавија Босанците.
„Нè построија и почнаа да нè испрашуваат дали сме од Босна и дали сме фашисти. Ние не одговаравме на прашањата, а потоа почнаа да ни ги сболекуваат маиците и да проверуваат дали имаме тетоважи, притоа цело време правеа галама и со палките удираа на земјата со цел да нè заплашат. Но, не застанаа само со испрашување. Одбраа еден од нас, го удрија по глава. Иако траеше само неколку минути, ние се чувствувавме како да сме заробени неколку часа. Потоа од толпата излезе еден постар човек, околу четириесетина години и ни кажа дека сè ќе биде во ред и ќе не пуштат“, изјави еден од босанските навивачи кој сведочел на немилите сцени.
Така и се случи, а грчките хулигани им ги одзеле шаловите како трофеј и го напуштиле хотелскиот имот.