Страшниот крик на голманот Лено, а потоа и чуден пресврт на Брајтон, доволно за кошмарен ден на Арсенал (Видео)

Брајтон со 2:1 го победи Арсенал во меч кој имаше чуден тек и на крајот беше решен буквално во последната минута од дуелот. Во првото полувреме немаше погодоци, но ќе се памти повредата на голманот на Арсенал Бернд Лено. ВО обид да фати една топка, Лено имаше контакт со еден противнички играч и незгодно доскокна.

Германскиот чувар на мрежата падна на земја и почна да вреска од болка. Тоа делуваше многу страшно посебно на празниот стадион. Лено беше изнесен на носилки, а на негово место влезе резервниот голман на Топчиите.

Во вториот дел, Арсенал поведе со маестралниот гол на Пепе, но тоа не беше доволно.

 

Домаќините не се предадоа, па Брајтон најпрво израмни во 75 минута, а се играше петата минута од судиското надополнување, кога буквално со последниот удар на мечот, се случи комплетен пресврт. На крајот Брајтон победи со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести