Садио Мане и Мохамед Салах постигнаа по еден гол за Ливерпул на дербито против Челзи, што е исклучително возбудливо и заврши со резултат 2:2 по првото полувреме и израмнија еден рекорд на две големи легенди, Сер Боби Чарлтон и Џорџ Бест.
Мане погоди во деветтата минута, иако претходно само по 14 секунди игра од стартот на дербито куртули од црвен картон, а потоа прецизен беше и Салах во 26-тата минута, што им е 29-ти меч во дресот на Ливерпул на кој и двајцата постигнуваат голови заедно.
Goal Sadio Mane!!! #CHELIV
Chelsea 0-1 Liverpoolpic.twitter.com/SoGoQYOPrY— WFGOAL (@WFTV16) January 2, 2022
Рекордот досега со 29 натпревари на кои заедно биле стрелци за Манчестер јунајтед во периодот од 1964 до 1972 година го држеа Боби Чарлтон и Џорџ Бест, еден од најдобрите тандеми на сите времиња.
Salah scores his 17 League goal to make it 2-0 #CHELIV pic.twitter.com/OCINgaWHta
— Real Madrid
(@realmadrid3412) January 2, 2022
Следен предизвик за нов рекорд Мане и Салах ќе го имаат на 16 јануари, на дуелот меѓу Ливерпул и Брентфорд и ако успеат и двајцата да погодат на мечот, тие ќе бидат апсолутни рекордери во англискиот фудбал со 30 меча на кои заедно ја треселе мрежата на ривалите.