Страшните прогнози се потврдија: Агуеро ја заврши фудбалската кариера

Серхио Кун Агуеро во наредните денови ќе ја соопшти одлуката за повлекување од фудбалот.

Аргентинскиот напаѓач поради неправилна работа на срцето се одлучи да не ризикува и да стави крај на ботатата фудбалска кариера.

Членот на Барселона, на мечот против Алавес се држеше за градите поради огромна болка, во градите, и веднаш замина во болница, каде што му беше дијагностицирана срцева аритмија.

Уште веднаш лекарите ставија до знаење дека малку ќе биде веројатно за Аргентинецот да продолжи да игра.

Официјалната одлука, Агуеро ќе ја соопшти наредните денови.

- Оглас -

Најнови вести