Навивачите на Милан брзо ќе го заборават Џанлуиџи Динарума, а новиот голман на Росонерите, Мајк Мањан, уште на првиот меч во новата сезона во Серија А покажа дека е извонреден чувар на мрежата.
Голманот што пристигна во Милан од Лил имаше две фантастични реакции и одбрани на мечот со Сампдорија во ист напад во 18-тата минута, при резултат од 1:0 за неговиот тим.
Penyelamatan ganda Mike Maignan!!pic.twitter.com/mwiT3ORk61
— AC Milan News Update (@MilanUpdate2) August 23, 2021
Мањан во овој преоден рок пристигна во Милан за 15 милиони евра од Лил и потпиша петгодишен договор со италијанскиот гигант. Италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума, кој беше прв голман на Милан од 2015 година, летово замина во Пари Сен Жермен без отштета.