Познатиот дански новинар експерт за ракомет, Расмус Бојсен, на својот твитер-профил сподели видео од фејсбук-страницата „И моето дете ќе навива за Пелистер“, на кое се гледа како исплашените ракометари и стручниот штаб на Еурофарм Пелистер со скокање преку долниот дел од вратата влегуваат во соблекувалната.
Играчите земаат и метални прачки во рацете во случај да им требаат за одбрана ако бидат нападнати од лицата кои влетаа на теренот.
Бојсен објави серија видеа за да покаже што се случуваше во неделата во „Јане Сандански“, а искоментира и дека досега не видел вакво нешто на ракометни терени, што секако е голем минус за македонскиот ракомет и имиџот што го има во светот.
И покрај хаосот кој траеше неколку минути, средбата се доигра и тоа пред полни трибини, а на домаќинот Вардар 1961 му претстојат серија казни за лошата организација на дербито.
https://twitter.com/i/status/1640425735792803845