Страшно: Се појави снимка од местото каде што беше затрупан Атсу по катастрофалниот земјотрес (Видео)

Фудбалерот на Хатајспор, Кристијан Атсу, е жив извлечен од под урнатините на една зграда, по катастрофалниот земјотрес што се случи вчера во Турција. На социјалните мрежи се појави и видео за кое се верува дека е снимено од под зградата на која Атсу бил затрупан.

Повеќе од 24 часа спасувачките служби трагаат по преживеани во земјотресот во кој има над 3.500 загинати.

Атсу пред два дена постигна гол за победа на неговиот тим, а вчера утрото беше, како и илјадници други луѓе, затрупан под рушевините. За среќа, тој беше спасен, а веста за неговото спасување ја потврди и менаџерот на Хатај, Мустафа Озат.

„Кристијан Атсу е спасен. За жал, нашиот спортски директор Танар Суват уште е под урнатините“, напиша Озат на социјалните мрежи. Оваа убава вест утрово ја потврдија и други извори на спасувачките тимови.

 

- Оглас -

Најнови вести