Страшо одигра страшно добро коло, за еден меч не освои ТВ, тротинет или Плејстејшн 5

Во 31-вото коло од седмата сезона на Спортската прогноза можевме да го добиеме херојот кој ќе успее да ги погоди сите 13 фиксови од понудените мечеви. Страшо С. е прогнозерот кој имаше 12 погодени фиксови од понудените 13 натпревари.

„Мината“ на која падна Страшо беше дуелот од англиската Премиер лига меѓу Вулверхемптон и Брајтон. Очекувањата на овој прогнозер биле дека Вулверхемптон ќе победи и одиграл „кец“, но на крајот Брајтон славеше со 0:2, што, секако, е изненадување ако се знае дека само 18 отсто од прогнозерите одиграле на „двојка“.

Поради овој кикс, Страшо не успеа да стигне до Среќна 13-ка, односно да има перфектен скор што ќе му донесеше можност да си одбере еден од подароците Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или PlayStation®5.

Сепак, Страшо нема да остане со празни раце затоа што за 12-ка добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари.

Интересно е дека Страшо не е единствениот со ваучер во ова коло. Тука е и Давор А. кој има погодени 11 фиксови и со тоа си обезбеди ваучер од 500 денари.

Токму овие прогнозери се доказ дека треба да се игра БЕСПЛАТНАТА игра на Спортска прогноза затоа што нема што да се загуби, а може многу да се добие.

Еве како прогнозирал Страшо, кој имаше 12-ка во ова коло:

- Оглас -

Најнови вести