Страв и паника кај челниците на Баерн, бегаа на улица кога слушнале дека има бомба (Видео)

Германскиот гигант Баерн Минхен синоќа имаше седница на Генералното собрание, кое на крајот завршила со панично бегање на челниците на клубот на улица. Седницата траела неколку часа, а потоа требало да има прес конференција која не се одржа, затоа што стигнало анонимна дојава за поставена бомба во салата.

Сите кои биле во салата на седницата, во паника избегале надвор, а за брзо време пристигнале и специјалните сили на полицијата да ја прегледаат салата во Ауди домот.

На крајот најважно е дека никој не е повреден и дека дојавата за бомба всушност е лажна.

На одржаната седница на Генералното собрание претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер добил нов мандат.

- Оглас -

Најнови вести