Страв од корона-вирусот: Германците не купуваат билети за класикот против Англија на „Вембли“

Германците не купуваат билети за дербито со Англија во осминафиналето на Европското првенство и Гордиот Албион ќе има апсолутно мнозинство на трибините на „Вембли“ во Лондон.

Стравот од корона-вирусот, но и маките со строгите протоколи, кои се на највисоко ниво во Велика Британија од цела Европа, ги пишманија германските навивачи да патуваат за Лондон.

Трикратниот европски првак ќе ја нема познатата армија германски навивачи зад себе, ако не се смени нешто драстично во следните пет дена до европскиот фудбалски класик против Англија.

Стравот од новиот сој на ковид-19, наречен делта е голем кај Германците, а реагираше и министерот за здравство Јенс Шпан со препорака да не се патува за Англија и дека во таков случај може да следува карантин од 14 дена.

Големото дерби од осминафиналето на ЕП меѓу Англија и Германија ќе се игра на 29 јуни од 18 часот на „Вембли“ во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести