Страв од шпионажа: Борусија Дортмунд нема да тренира во Мадрид

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречека Борусија Дортмунд во меч од третото коло во Лигата на шампионите. Овој дуел ќе биде реприза од финалето во елитното натпреварување на УЕФА кое се играше само пред неколку месеци, кога Кралскиот клуб славеше со 2:0.

Борусија Дортмунд одлично започна во ЛШ и е прв на табелата од 36 екипи со максимални шест бода. Реал веќе има еден кикс, и тоа на гости кај Лил, кога загуби со 1:0.

Весникот „Билд“ потенцира дека гостите од Германија не планираат вечерва да тренираат на „Сантијаго Бернабеу“ затоа што се плашат дека може да бидат шпионирани од домаќинот. Тренерот на Милионерите, Ниру Шахин, реши тимот денеска да тренира во базата во Дортмунд, а дури потоа да отпатува во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести