Стравични сцени во Брисел, убиени шведски навивачи

Натпреварот од квалификациите за пласман на ЕП 2024 меѓу Белгија и Шведска кој се игра во Брисел е прекинат по првото полувреме бидејќи две лица кои биле облечени во дресот на скандинавската селекција биле убиени во центарот на Брисел од страна на лице кое се претставило дека е дел од терористичката организација ИСИС.

 

Според првичните и неофицијални информации, напаѓачот кој ги убил шведските навивачи додека пукал, извикувал „Алах акбар“, а потоа во видео кое го објави на социјалните мрежи се претставил како војник на Алах. Тој прво пукал на место каде што се наоѓале повеќе лица, потоа во две лица кои биле во такси, по што избегал со мотоцикл.

 

- Оглас -

Најнови вести