11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Стразбур му даде три гола на ПСЖ во Париз и покажа зошто е втор на табелата

Пари Сен Жермен и Стразбур одиграа 3-3 во интересен меч од француската Лига 1 кој може да се нарече и дерби на колото со оглед на тоа дека играа екипи кои во моментов се на првите две позиции на табелата.

Гостите водеа 3-1, но првакот израмни на 11 минути до крајот, па двата тима се подеднакви незадоволни од резултатот. ПСЖ и понатаму е лидер, но има само една победа во последните четири кола и утре може да биде прескокнат од Марсеј и Лион.

 

- Оглас -

Најнови вести