28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Стрелачката Анастасија Мојсовска обезбеди учество на ЛОИ во Париз

Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024. Тоа е Анастасија Мојсовска во спортско стрелаштво, која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели.

Нејзиниот настап на Олимписките игри ќе биде на 28 јули 2024 година.

Анастасија Мојсовска е млада спортистка на 22 – годишна возраст, но е докажана како стрелец. Покрај тоа што е повеќекратна државна првенка и рекордерка на Македонија, таа има остварено значајни резултати и на меѓународните натпревари.

Мојсовска го докажа тоа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз 2024, споредено со претходните Олимписки игри во Токио. Таму за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.

 

- Оглас -

Најнови вести